x

Хаверц молчи како риба: Сите го прашуваат, но тој не кажува дали се договорил со Челзи

kai-havertz-bayer

Иако трансферот на Каи Хаверц во Челзи изгледа сосема сигурен, младиот германски талент не им кажувал ништо на своите соиграчи од Баер Леверкузен. Капитенот на германскиот клуб, Ларс Бендер, призна пред новинарите дека од Хаверц не можат да дознаат ништо, затоа што е прилично таинствен и не сака да зборува на оваа тема.

„Сите сме љубопитни за тоа што се случува, но Каи не кажува ништо и никому“, изјавил Бендер за Кикер.

„Ако тој ми каже, ќе им кажам на другите и сите ќе разберат. Затоа си молчи“, додава тој.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата