x

Хабиб: Шеиците ми нудат 100 милиони долари за боксерски спектакл со Мејведер!

Хабиб Нурмагомедов, светскиот шампион во УФЦ, неодамна добил два милиони долари само да биде покрај рингот на мечот меѓу Џошуа и Руиз. Тие пари му ги дале шеиците од Саудиска Арабија, а сега истите тие му нудат 100 милиони долари за најголемиот боксерски спектакл одржан некогаш.

„Овој бокс меч со Мејведер единствено би се одржал само поради парите. Шеиците нголемо се трудат да го организираат. Сепак мене во моментов ми е поважно она што ќе се случува со Фергусон“ вели Хабиб.

Инаку Мејведер за оваа борба бара 300 милиони долари, или трипати повеќе од тоа што би заработил Русинот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата