x

Ф1 почнува на 5 јули во Австрија, сите европски трки без гледачи

По вчерашната видео-конференција на шефовите на Формула 1 и ФИА со преставниците на Ф1 тимовите, стана јасно дека новата Ф1 сезона по се изгледа стартува со најавеното Австриско ГП. Трката треба да се одржи на 5 јули без гледачи. По оваа трка ќе следуваат две трки на Силверстоун.

„Сè е под знак прашалник. Британското ГП е предвидено да се одржи на датумот закажан во оригиналниот календар, но без гледачи. Всушност, се чини дека сите европски трки оваа сезона ќе се одржат со такво сценарио“, вели Зек Браун.

Извршниот директор на Мекларен вели дека тимовите засега се согласни на ваквото сценарио.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата