x

Ф1 квалификации во Сочи: Хамилтон со пол-позиција и рекорд на патеката

hamilton-e1600454834603

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше најбрз на денешните квалификациите за ГН на Русија.

Триесет и петгодишниот Британец постави нов рекорд на пистата во Сочи. Тој еден круг возеше за 1,31.304 минута, освојувајќи ја 96-та пол-позиција во кариерата.

Макс Верстапен од Ред Бул стигна до второто место, додека Валтери Ботас (Мерцедес) се најде на третото место.

Главната трка за руското рн-при од шампионатт во Формула 1 ќе се вози утре со почеток во 13:10 часот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата