Сопругата на легендарниот тенисер Роџер Федерер, Мирка беше една од најфотографираните личности на вчерашното големо финале во Вимблдон, секако после финалисти.

Мирка од трибините му даваше голема поддршка на својот сопруг Роџер, но славниот Швајцарец сепак не успеа да го добие големото финале против најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Во свечената ложа на трибините на централниот терен во Вимблдон беа и четирите деца на Роџер и Мирка Федерер.

Во ложата на Новак  беше неговиот син Стефан , но недостасуваа сопругата Јелена и малата Тара. Покрај тренерите тука беа родителите на Ноле Срѓан и Диана.

Најинтересна за фоторепортерите беше сопругата на Роџер Федерер, Мирка која на мечот се појави во цветен фустан закопчан до грлото.

Фановите брзо ја откриле цената на фамозната тоалета. Фустанот е од познат бред и на попуст чин 680 евра, неговата редовна цена е 980 евра.