Освен статуетки за постигнатиот музички успех, многу ѕвезди заслужуваат и признанија за добар моден вкус. И како што и обично бива и на оваа церемонија ѕвезди на вечерта биле убавиците во фустани за паметење.

Единствената Американка која си обезбеди место меѓу дамите со најубави тоалети е Тејлор Свифт, која по црвениот тепих се прошета во црна креација со проѕирни отвори со потпис на дизајнерот Ели Саб. Симпатичната и откачена ѕвезда Рита Ора се одлучила за проверена формула – отворен грб на сјаен портокалов фустан кој гарантира медиумско внимание. И Џеси Џеј ги воодушевила сите и предизвикала огромно внимание со смелата креација – фустанот со деколте отворено до папокот.

Меѓу оние што можеле да се пофалат со убавиот фустан била и Бонд девојката, занесната Французинка, Бернис Марло која во сребрена тоалета на Дона Каран го истакнала заводливото деколте и совршено заоблените колкови. На листата на дами со убави фустани се нашле и Ребека Фергусон, како и Ешли Робертс, и двете прошетале во црни фустани со проѕирни детали.