Новинарот Фуркан Салиу денеска ја начека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на излегување од нејзиниот автомобил пред седиштето на ОЈО, каде што таа треба да даде исказ за случајот „Рекет“.

Таа ќе треба да даде одоговор на повеќе прашања кои се отворија во јавноста, откако минатиот месец беше отворен случајот „Рекет“, во кој засега за рекетирање на бизнисмени се обвинети Бојан Јовановски и Зоран Милески.

Се надевам дека со моите аргументи и со мојата изјава ќе ја забрзам истрагата – изјави кусо специјалната јавна обвинителка.

Новинарот Фуркан Салиу ја начека Јанева на излегување од својот автомобил, пред да даде официјална изјава за медиумите и упати прашање до неа: Обвинителке како од најголема надеж за правдата дојдовте до овде? На ова Јанева се насмеа, и му одговори на Салиу: Може да застанам да ви дадам изјава? Погледнете го ова видео кое Салиу го објави на својот фејсбук профил.

Се надевам дека со моите аргументи и со мојата изјава ќе ја забрзам истрагата, изјави кусо специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева, која денеска се појави на распит за случајот „Рекет“ во ОЈО.