x

Фудбалер осомничен за убиство на претседател на бразилски клуб

nacional-pretsedatel

28-годишниот фудбалер Винисиус Корсини е уапсен под сомнение за убиство. На 16 септември тој го нападнал претседателот на бразилскиот клуб Национал де Роландија, Хозе Данилсон Алвес де Оливеиро, по што го прободел со нож нанесувајќи му смртни последици.

Претходно, играчот бил дел од Национал де Роландија, но бил во конфликт со претседателот на клубот. Корсини го прободел Данилсон неколку пати додека се расправале во неговата канцеларија. Почесниот претседател на клубот бил итно пренесен во болница, но и подлегнал на повредите.

Градоначалникот на Роланд официјално прогласи ден на жалост во спомен на 58-годишниот функционер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата