x

Фудбалерите ќе слетаат во Скопје, познато е во колку часот

makedonija-gruzija-2

Македонската фудбалска репрезентација според последните информации кои доаѓаат од скопскиот аеродром ќе слета во нашиот главен град.

Имаше најави дека чартерот најверојатно ќе мора да се пренасочи кон Приштина поради маглата, но сепак има услови за да Горан Пандев и останатите момци директно пристигнат во Скопје.

Информациите велат дека се најавени за 1:46 часот после полноќ.

Македонската фудбалска репрезентација за првпат во историјата обезбеди пласман на Европско првенство, вечерва низ целата држава се прославуваше успехот на големо.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата