x

Фудбалерите пристигнаа во Скопје, Пандев порача: Уште не сме свесни што направивме (ФОТО)

img-44ec1b88ee9a2d722b9c6301c56a66e5-v

Македонската фудбалска репрезентација се врати во Скопје. Нашите момци рано наутро пристигнаа преку Приштина, на скопскиот аеродром немаше услови за слетување поради густата магла.

На граничниот премин, фудбалерите беа пречекани од владина делегација на чело со премиерот, Зоран Заев и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.

“Ми се оствари сонот, не верував дека тоа ќе биде на 38 години. Се уште не сме свесни што направивме. Момците го заслужија ова, ќе продолжиме со победи и на Европското првенство”, порача Пандев.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата