Притворената обвинителка Катица Јанева нема правен основ, прво да издава наредби, ниту има основ во Законот за СЈО да пренесува свои овластувања или предмети на други обвинителства, се согласуваат повеќето правни екперти и професори по кривично право во земјата, на чело со Гордан Калајџиев и Никола Тупанчевски, а во ова тврдење ги поддржуваат и адвокатите Звонко Давидовиќ и Јанаки Митровски.

Но, професорот Љубомир Фрчкоски, декан на факултетот ФОН во сопственост на Фијат Цаноски, во новата колумна за порталот „Либертас“ ги обвинива своите колеги за нестручност, за помагатели на криминалците на режимот и со низа навреди го завршува своето изнесување.

Забавна беше, херменевтичка – деонтолошка поента на оној Давидивиќ (ланци и прстење): не му било логично и апсурдно било?! Абе, бегај бре!

 

Дебатата во паламудскиот правен круг ја сумираше шаолин мајсторот, Тупанче, од шаолинскиот манастир во Далјан, со фатфа: Временската отсечка… факторот време е против нас… У јеботе… струка си е струка, нема што!

 

Но да сумираме и ние: ако обвинителката е во функција (иако во притвор), функција што е докажана со протек на судските постапки во кои застапници на СЈО се нејзините полномошници, тогаш таа може да ги префрли предметите на ЈО во постапка предвидена со Законот, пишува Фрчкоски.