Фронтменот на „Дјуран Дјуран“, Сајмон Ле Бон (61), тајно пристигнал во Белград со сопругата, манекенката Јасмин (55). Брачната двојка ја посетила изложбата на српскиот уметник Вук Видор во главниот град.

Потоа, тој и неговата сопруга заминале во еден белградски ресторан, каде што го прославувале нејзиниот роденден до раните утрински часови, пренесува „Новости“.

View this post on Instagram

No One Like Me | Simon Le Bon ??#simonlebon

A post shared by Vuk Vidor (@vukvidor) on

Сајмон и уметникот Вук Видор се познаваат уште од студентските денови во Париз, а и нивното домашно пријателство датира од тоа време.

Режисерот Милан Тодоровиќ ја имал честа да се фотографира со славниот Сајмон, кој им излегол во пресрет на сите што сакале да се фотографираат со него.

Ле Бон наполни 61 година на 27 октомври, а убавата Јасмин го прослави својот 55. роденден на 29 октомври. Тие се во брак од 1985 година и имаат три деца.

извор: Makfax