Во градот Нингде во кинеската провинција Фуџијан, избил страшен пожар во градинка. Повеќе од 300 деца биле спасени, а во акцијата учествувале и пожарникари, вработени во градинката, но и случајни минувачи, пренесува Telegraf.rs.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=hVBg_9-PdL4]

Луѓето дури морале и да ги фрлаат децата од прозор за да им ги спасат животите. Пожарникарите им помагале на минувачите кои децата го обвивале во ќебиња, и онесвестени ги изнесувале од запалената зграда. Ги носеле децата во своите раце и трчале на улицата.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=9xN8LAZQGAE]

Пожарот бил изгасен за половина час, а за среќа, жртви немало. Во болница биле префрлени деца и возрасни кои засега се во стабилна здравствена состојба.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=4xBivZhNQLE]