“Тоа беа денови мои пријатели кои мислевме дека никогаш нема да завршат” (Those were the days my friend we thought they’d never end) песната која своевремено ја отпеа Мери Хопкин слободно можат да си ја потпевнуваат и нашите познати фаци додека ги навраќаме десетина и повеќе години наназад. Вечеровиот времеплов ќе ви покаже какви биле некогаш, односно како изгледале некогаш Каролина, Тамара, Калиопи и Васил Зафирчев, Јован Јованов, Ѓорѓи Крстевски, Мартин Вучиќ, Врчак и Андријана Јаневска, Тијана и Весна Бејби.

Со фризури начешлани и стокмени на принципот направи сам, гардероба варијанта што нуди плакарот, без скапи и брендирани парчиња и дизајнерски потписи, со еден збор имиџ насловен ми доаѓа да вреснам – гарант и сега врескаат од смеење кога се гледаат и си поставуваат прашање од типот како сум можел(а)ова да го облечам или што ми се чини со косава. Ако сега за нивниот имиџ се грижат стручњаци, тогаш подобро со нив и да останат трајно. Ваква епизода тешко дека ќе се повтори. Не дај Боже да им текне пак самите да експериментираат. Да не должиме многу бидејќи фотографијата, заради која на многумина им се крева косата на главата, вреди повеќе од илјада зборови ве оставаме да уживате.


Каролина Гочева во времето кога бараше дозвола од мама да ја пушти, кога беше обично маалско девојче со блузичка и залижана коса, пред да се трансформира во вистинска поп принцеза


Тијана и Весна Бејби верните друшки во цврста прегратка кога не беа оптоварени со изгледот и имиџот


Врчак и Андријана Јаневска кога беа популарни и со дуксери и блузички, кога настапуваа облечени во гардероба како за на клупи во маало


Мартин Вучиќ во времето кога хит беа кркми скаменети со гел и очила за сонце на глава како задолжителен мангупски аутфит


Ѓорѓи Крстевски кога џемперчињата беа ин и пред да го купи мобилниот телефон


Тамара пред да стане риба, фураше лабав имиџ, кога кремчето и шарените прамени и беа украс на главата


Јован Јованов кога жареше и палеше со неговата Магија, штета што не употребил некоја магија и кога е имиџот во прашање


Калиопи и Васил Зафирчев во времето кога им беа испреплетени емоциите, работата и усогласен стилот за на сцена. Љубовта ја снема, но спомените останаа.

(А.Ѓ.)