Ново продолжување на аферата во која мала фризерница во скопско Ново Лисиче за три години добила 270 илјади евра европски пари од страна на Националната агенција за европски и образовни програми и мобилност за наводни обуки кои немаат никаква врска со фризерската дејност.

На социјалните нрежи се појави фотографија од Директорката на Агенцијата, Лидија Димова и сопственикот на фризерницата „В.Е.З. Трејд“, Зоран Златковски.

Тие двајцата се седнати на иста маса во кафеана, во заедничко друштво што потврдува дека имаат блиски односи, што отвора дополнителни наговестувања дека при доделувањето на повеќе од четвртина милион евра за фризерницата има големи неправилности.