Плејмејкерот на Челзи и на англиската репрезентација Френк Лампард (26 г.) е прогласен за најдобар играч на годината од фудбалските новинари на Островот. Тој сезонава постигна 12 голови во првенството кое што Челзи го освои по пауза од половина век. Зад него се пласира колегата и капитенот на Челзи, Џон Тери, кој претходно ја освои титулата играч на годината во избор на професионалните играчи, а трет беше одбранбениот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер. Лампард е вториот фудбалер на Челзи кој го освои ова признание, по Џанфранко Ѕола во 1997 година.