Иконата на италијанскиот фудбалски прволигаш Рома, Франческо Тоти, кој ги преживува најтешките мигови во својата кариера, деновиве повторно ги полни страниците на жолтиот печат. Откако беше казнет со пет натпревари неиграње за удирање противнички играч на мечот со Сиена (претходно издржа 3 меча), се чини Тоти целосно “се загуби”. Знаеме дека веќе ја има закажано свадбата со фотомоделката Илари Блази идниот месец, знаеме дека таа веќе е бремена, но завчера во италијанскиот печат “пукна бомба”, дека палавата “десетка” се сплеткала со Флавија Венто, една од најатрактивните манекенки на Италија во овој момент. Имено, се тврди дека Тоти со некој свој пријател вечерале во еден луксузен римски ресторан во друштво со Флавија и некоја нејзина другарка. По вечерата, “квартетот” се упатил во домот на Флавија, каде што продолжила веселата дружба, а во еден момент Франческо и Венто останале сами во кујната, “местото на злосторството”, каде што се случила “фаталната средба”. Значи, таа заминала да донесе уште некое шише вино, а плејмејкерот посакал да и помогне. Засега, се уште нема никакви изјави ниту од фудбалерот, ниту од убавицата…