Француското радио РФИ се извини затоа што по грешка објави написи во врска со наводната смрт на британската кралица Елизабета, бразилскиот фудбалер Пеле и француската актерка Брижит Бардо.

Француското радио објави дека станува збор за голем технички дефект.

„Поради техничка неисправност, серија написи посветени на починатите беа објавени на нашата веб-страница. Работиме на отстранување на овој голем дефект. Се извинуваме на сите што може да се чувствуваат погодени и на вас кои нè следите и ни верувате”, објави РФИ на „Твитер“.

Меѓу познатите личности на кои им се посветени овие некролози се иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, поранешниот американски претседател Џими Картер, кубанскиот лидер Раул Кастро, фудбалската sвезда Пеле, но и актерите како Клинт Иствуд, Софија Лорен, Брижит Бардо и Жан-Пол Белмондо.

извор: Makfax