x

Француското 16-годишно чудо од 219 сантиметри кое ќе биде прв пик на НБА Драфтот во 2023 година!

wembanyama

Сите НБА тимови веќе знаат за Виктор Вембањама. Ова 16-годишно француско чудо, висок 219 сантиметри, со распон на рацете од 2,31 метари, се уште е во фаза на раст, а за неколку години се очекува да биде новата НБА ѕвезда.

Според инсајдерските информации, Виктор Вембањама е голем фаворит да биде прв пик на Драфтот во 2023 година! Тоа е првиот Драфт на кој тој, според возраста, ќе може да се појави.

„Поминаа три години откако НБА скаутите го следат Вембањама, момче од оние кои ретко се гледаат. И покрај неговата висина, тој управува со теренот на неверојатен начин, има многу добра рака, технички е одличен, блокира со голема леснотија и игра на надворешни позиции. Тој има извонредна умешност и техника за таков висок играч”, вели Паскал Донадије, тренер на неговиот тим, Нантер 92.

Мајката на Виктор го вовела во кошарката, затоа што и таа е некогашна кошаркарка. Неговиот татко бил атлетичар, скокач во далечина, а неговата сестра Ева е член на АСВЕЛ со која беше европски шампион до 16 години.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата