Бах аг Муса, воен лидер на крилото на Ал-Каеда во Северна Африка, бил убиен за време на операцијата спроведена од француските трупи на североистокот на Мали, рече министерката за вооружени сили Флоранс Парли, пренесува РТ.

Познат и како Бамуса Диара, поранешниот полковник на малиската армија важеше за десна рака на Ијад аг Гали, лидерот на најистакнатата џихадистичка група во Мали.

Муса беше на списокот на терористи на САД за организирање бројни напади во регионот.

Парли ја опиша операцијата на француската војска како голем успех во борбата против тероризмот.

„Историска фигура на џихадистичкото движење во Сахел, Бах аг Муса се смета за одговорен за неколку напади против малиските и меѓународните сили“, рече таа.

Групата, наречена Џамаат Нусрат ал-Ислам вал-Муслимин (ЈНИМ), е обвинета за напад на војници и цивили во Мали и во соседната Буркина Фасо.

Франција, поранешна колонијална сила, распореди повеќе 5.100 трупи низ целиот регион, а голем дел од нив се во Мали. Француската операција „Баркане“ неодамна ја засили борбата против исламистичките екстремисти во Западна Африка.

„За време на воздушните напади на 30 октомври, повеќе од 50 џихадисти беа неутрализирани во Мали“, рече Парли.

извор: Makfax