Центарот на НБА – тимот Чикаго Булс за 36 минути на паркетот постигна 40 поени, 11 скока и имаше 12 реализации за два од 19 обиди. Беше вистински лидер на Шпанија и покажа дека и во 35-та година од животот е подготвен да биде голем лидер.

Но, на неговата игра и арбитражата замерки имаа Французите, кои очигледно не можат да го преболат поразот пред својата публика.

Тешко е да се игра кога некој има право да те чепне, а ти немаш право да го чепнеш. Многу е тешко да го пребродиме ова, но немам дилеми дека ќе се вратиме посилни од било кога, изјави Жофре Ловерњ.

Замерки имаше и селекторот на “петлите”, Висент Коле.

Гасол е голем играч, но недопустливо е да изведе 18 слободни фрлања, а цела Франција не изведе ниту едно во првиот дел. Очигледно критериумите беа различни. Тој навистина има феноменален турнир и игра одлично, но не можеме да сфатиме како судиите така судат. Како останатите играчи да не се ништо во однос на него. ФИБА би требало да реагира, изјави слекторот на Франција.