x

Французин го продал златниот медал освоен на Мундијалот 2018 во Русија

Непознат француски фудбалер го продал златниот медал освоен на Мундијалот пред две години во Русија за 71.785 долари преку аукција во Лос Анџелес.

Франција до златниот трофеј дојде со победата над Хрватска во финалето од 4:2 одиграно во Москва.

Сопственикот на аукциската компанија изјави дека добиле 10 понуди за медалот, а најголема била на еден купувач од Велика Британија.

На истата аукција биле понудени и два златни медали од минати Светски првенства, двете во миговите кога Бразил  ја освојувал светската титула. Златниот медал од Мундијалот 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја е продаден за 50 илјади долари, додека онoj од САД 1994 за 48 илјади долари.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата