x

Франција не сака да слушне за двомечот со Македонија за СП 2021

Коронавирусот дефинитивно направи хаос во спортот, сите предвидени настани за ова лето се ставени под знак прашалник. Додека дел од репрезентациите ги чекаат упатствата, има и такви како Франција кои без битка сакаат да стигнат до посакуваното место, во случајов СП 2021.

Од националната федерација порачаа дека немаат намера да ги пратат репрезентациите да играат среде лето, ова се однесува и на женскиот и на машкиот тим.

“Немаме намера да ги испраќаме нашите репрезентации да играат, без претходно ниту еден официјален натпревар за своите клубови“, вели извор за весникот Л’Екип.

Планот на Франција е да не се играат бараж дуелите за место на СП 2021, во случајов со Македонија, пласманот во Египет да биде одреден според освоеното место на ЕП, поточно првите 14 екипи да добијат билет. Франција заврши на 14. позиција, додека Македонија на 15.

Двомечот е закажан за крајот на јуни, почетокот на јули.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата