Францускиот парламент усвои закон чија цел е да се санкционираат сексуалните односи со малолетниците и да се обезбедат казни за уличното малтретирање. Вака изготвениот закон беше усвоен со 92 гласа „за“ и ниту еден против.

Во законот се наведува дека сексуален однос со дете под 15 години се наоѓа во категоријата за силување. Левичарите беа воздржани, велат дека законот не оди доволно далеку за да се спротивстави на сексизмот и нега на жртвата. Законот веќе помина во Сенатот.

Законот за злоупотреба на малолетници стана актуелна тема годинава, отакако францускиот суд пред извесен период го обвини 29-годишниот маж за силување на 11-годишно девојче, одбивајќи ги тврдењата на тужителите дека се договориле сексуални односи. Според јавниот радиодифузен сервис „ФрансИнфо“, тој првично беше обвинет за сексуален напад врз малолетник, но подоцна делото било преквалификувано и тој бил под истрага за силување.

извор: Makfax