x

„Франс фудбал“ и „Лекип“ со критики: Нојер го „откажа“ Мбапе, на Нејмар му недостасува лидерство

kylian-mbappeneymar-psg-2019-20_1qz704eh7jm31eo941otjkh4k

Француските авторитативни медиуми се доста критички настроени спрема Нејмар и Мбапе, двата најдобри фудбалери на ПСЖ, оние кои требаа и да ја донесат шампионската титула во Лигата на Шампионите синоќа. Наместо тоа, Бразилецот и Французинот промашуваа и не му донесоа водство на тимот кога најмногу требаше.

Оценети се со 3 односно со 4, што се многу слаби оценки. Најмногу им се замерува за промашените шанси и за недостатокот на лидерство во клучните моменти.

„Нојер ги елиминира обајцата. Ги извади од колосек. Едноставно ги победи во директните дуели. Стои во написот на „Лекип“… Како изминуваше времето, Мбапе беше се повеќе исфрустриран од одбраните на голманот на Баерн. За него тоа беа разочарувачки моменти“  – стои во написот.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата