Келнерите во еден ресторан во Охајо добиле божиќен подарок на каков најмалку се надевале, а станува збор за дури 5600 долари бакшиш кој им го оставил задоволен муштерија. Гостинот кој сакал да остане анонимен, вечерал во ресторанот на 12 декември кога оставил бакшиш за сите 28 вработени вклучително и оние кои биле слободни тој ден. Откако сумата била поделена на секој член на персоналот му останале по 200 долари. 

„Ова навистина беше преголемо за нас. Не трогна до солзи“, рекол Муса Салак за Си-ен-ен.

Повеќето од вработените кои не можеле да си дозволат елка или празнични подароци за семејството, велат дека бакшишот им го овозможил тоа.

„Прекрасна работа е да се стори нешто такво за 28 странци“, рекол Салак, кој својот ресторан го отворил во октомври 2019 година, не ни помислувајќи дека само неколку месеци подоцна ќе мора да стави клуч заради пандемијата. 

Националното здружение на угостители на САД во септември објави дека 2020 година се затворени 100 000 ресторани и дека 60 отсто од нив никогаш нема да проработат.

 

“Be the reason someone believes in the goodness of people.”

 This really happened. Last night one of our guests left a…

Posted by Souk Mediterranean Kitchen & Bar on Sunday, December 13, 2020