Во Скопје не прекинува сечата на дрвја. Денес  на мета беше дворот на средното техничко училиште „Михајло Пупин“ кое се наоѓа во општина Гази Баба. Од фотографиите кои пристигнаа до нас, може да се види дека се сечат здрави дрвја, а не суви кои би ја нарушувале безбедноста.

Според нашите извори, ова не е прво касапење на дворот на училиштето. Во изминатиов две години тука се исечени повеќе од 20 дрвја.

Сечењето на дрвја само по себе е скандалозно затоа што во ситуација кога воздухот станува се позагаден се уништува зеленилото баш во училиштата каде се образуваат децата.

Ваквиот потег воедно е лицемерен затоа што СДСМ пред локалните избори ветуваше зголемување ена зеленилото, а не негово намалување, а исто така градоначалникот на Скопје, Шилегов пред  три недели во истово училиште зборуваше како е важно да се придонесува за животната средина.