Вистински хаос настана денес на Косово, откако интервентната полиција РОСА со автомати и шок бомби уапси српски владин претставник.

Ситуацијата излезе од контрола и по одговорот на Србите кои живеат во Митровица, кои во голем број излегоа на протести на мостот кај реката Ибар, а се поставуваат и импровизирани барикади.

Во меѓувреме, Вучиќ оствари телефонски разговор со Путин, а го свика и советот за национална безбедност.