Светски познатата пејачка Мајли Сајрус ги шокираше сите свои следбеници со својата најнова објава на Инстаграм.

Пејачката се појави како позира гола во ковчег, додека ги покри градите со рацете, подолу се покри со букет бело цвеќе. Фотографијата е направена од познатиот фотограф на славните ликови, Вијат Мохиндра.

Тој ќе објави нова книга за неговото дело и посочи дека заработените пари од секоја продадена копија ќе одат во фондацијата „ Happy Hippie “ на Мајли Сајрус, која им помага на ЛГБТ припадниците кои се бездомници.

Се очекува Мајли да го објави својот седми албум „ Plastic Hearts “ кон крајот на овој месец. Албумот ќе излезе на 27 ноември, и Мајли откри дека новиот албум открива тајни за нејзиниот личен живот.