Пациентот кој страдаше најдолго од коронавирусот во Велика Британија, конечно го победи вирусот и беше пуштен од болницата после 7 месеци таму.

Пациентот Али Сакалиоглу, по професија таксист, помина 222 дена во болница и за тоа време се соочи и со нефункционирање на белите дробови, срцев удар и оштетување на други органи.

Лекарите му кажале на неговото семејство во 3 различни прилики дека тој ќе умре.

Очигледно се случило чудо за 56-годишниот, кој го победи вирусот и се врати дома.

Ние можеме да го победиме КОВИД заедно. „Можеме да ја добиеме и оваа војна како што победивме во Првата светска војна и во Втората светска војна, изјави Али Сакалиоглу за „Сан“.