Неодамна во странските медиуми се појави вест каде папата Франциско ‘„ лајкнал “бразилска манекенка на Инстаграм, која го рекламира својот бомбастичен задник под провокативен фустан како девојче од училиште.

Но, ова не остана без коментар ниту од самата манекенка, која неодамна реагираше преку објава на социјалните мрежи.

27-годишната манекенка Наталија Гарибо покрај провокативната фотографија ги извести своите следбеници дека на папата Франциско и се допаднала нејзината фотографија и сега може да оди во рајот.

„Барем одам во рајот“, напишала манекенката. Сепак, не е јасно дали од профилот на Инстаграм на епископот во Рим фотогравијата била случајно или намерно лајкната.

Веднаш откако корисниците на социјалните мрежи кренаа врева околу одобрувањето на папата Франциско, лајкот од страна на поглаварот на Католичката црква повеќе не се гледаше на фотографијата на бразилската манекенка.