Патнички воз излета од шините во Турција, а локалните медиуми наведуваат дека има мртви и повредени.

Возот во чијшто пет вагони се превезувале 300 патници, излетал од шините недалеку од грчката граница.

Си-Ен-Ен Турк наведе дека до инцидентот дошло поради рушење на мост. Возот сообраќал кон Истанбул.

извор: Makfax