Среде алармантни податоци и предупредувања за опасностите од коронавирус кои нè бомбардираат од сите страни, не е ни чудо што некои луѓе се исплашени. Најдобар пример за тоа е оваа фотографија, веројатно од Подгорица, која брзо стана хит на Интернет.

Иако не е со најдобар квалитет, таа покажува жена завиткана во прозирна пластика шетајќи по улицата. „Велот“ ѝ се спушта до под колена, и се чини дека треба да го држи за да може да оди.

На Фејсбук групата „Подгорички Времеплов“, на која фотографијата е „закачена“, многумина се шегуваа за овој избор на заштитна опрема, па еден од коментарите вели „Ќе ѝ зоврие моторот“.