Познатата пејачка и актерка Џенифер Лопес често се појавува во разголено издание во јавноста, но овој пат таа отиде чекор подалеку и се соблече гола за да ја најави новата песна „In the Morning“.

Малку пред објавувањето на фотографијата на социјалните мрежи, таа објави и кратко видео на кое исто така позира гола додека во позадина се слушаат звуци од новата песна.

Од фотографијата се гледа дека таа е минимално нашминкана, без парче облека на себе, а нејзиниот целосен изглед предизвика восхит кај обожавателите.

Токму затоа воопшто не е ни чудно што 51-годишната Лопес важи за една од најсексапилните жени во светот, а својата фигура ја одржува со редовно вежбање и здрав стил на живеење.