Американско-корејската фотографка започнала да фотографира бездомници уште додека студирала фотографија. Додека правела фотографии на улицата, еден од мажите го препознала како нејзиниот татко, којшто го немала видено со години откако нејзините родители се разделиле.

Диана Ким имала само 5 години кога нејзините родители се разделиле и нејзиниот татко станал, како што и самата велела, „отсутен“. Мајката на Ким имала тежок период – одела кај роднини и пријатели со нејзиното девојче, а понекогаш останувала во паркови и преноќувала во автомобилот. Но Ким го гледала искуството како можност да ги изгради нејзините вештини за преживување.

Кога Ким фотографирала на улиците на Хонолулу, таа сфатила дека еден од мажите коишто ги фотографира, бил всушност нејзиниот татко. Таа се обидела да разговара со него, но тој бил во многу лоша состојба, физички и ментално. Иако нејзиниот татко одбивал да ја препознае, Ким не се откажала. Одела одново и одново за да се обиде да разговара со него, надевајќи се дека ќе добие одговор. Срцето ѝ се кршело што го гледала татко си во таква лоша состојба, без можност да направи што било. Гледајќи го низ објективот бил нејзин начин да се зближи со него.

Еден ден татко ѝ на Ким имал инфаркт на улица и некој повикал брза помош. Во болницата, покрај грижата за срцето, добил третман и за неговата ментална состојба, па на некој начин, инфарктот му го спасил животот.