Во НЛБ галеријата во Скопје претставена е изложбата на фотографии „Авантура 2017″ на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв”.

На изложбата која ќе биде отворена до 5 февруари се изложени 80 селектирани фотографии од досегашните настани и активности кои ги има организирано Здружението во изминатите десет години.

Посетителите на изложбата ќе може да видат и дел од богатата архива на фото документи снимени на различни локации во природа на спортски манифестации низ Македонија.