Од Колумбија ни пристигаат ужасни сцени од  насилство и дивјачки  во една навивачка пресметка во која најдебелиот крај го извлече една девојка.

Во бруталната тепачка меѓу навивачите на Унион Магдалена и Милонариос, тројца хулигани претепаа девојка и ја оставрија да лежи во крв и без свест.

Имено, пред шест дена се одигра првенствен натпревар помеѓу клубот од Санта Марта, Унион Магдалена и тимот на Милонариос.

Милонариос е клуб од Богота, местото кое важи за едно од најопасните во Колумбија, па јасно е дека од таму доаѓаат и најжестоките навивачи.

Пред натпреварот меѓу двата тима кој заврши без победник (1:1), се случија немили инциденти. Навивачите брутално претепаа една девојка која се уште се бори за живот, а дополнително со нож избодеа еден од полицајците кои беа задолжени да го зачуваат редот и мирот.