Езе Нвалије е контроверзен богат човек и инфлуенсер познат под прекарот Прити Мајк, кој го шокираше светот со својата објава на Инстаграм.

Тој се појави на свадба во Нигерија со дури шест бремени жени, кои беа облечени во идентични сребрени фустани и тврди дека тој е татко на сите шест бебиња.

-Ова не е филмски трик, ние живееме само одличен живот, напиша тој на својот Инстаграм под фотографијата од венчавката.

По контроверзната фотографија со шест бремени жени, тој објави кратко видео на кое се гледа како дели кревет со неколку жени и ужива со нив.