x

ФОТОВЕСТ: Сине, треба вака…!

ilic

Голот на Вардар оваа сезона ќе го чува Филип Илиќ. Синот на прославениот поранешен голман на Вардар, Саша Илиќ, и сегашен тренер на голманите, е прва опција за Вардар оваа сезона.

Вчера прими четири гола, а таткото имаше што да му каже на својот син после натпреварот, иако Илиќ помладиот и не можеше ништо да стори при головите на противникот. Имаше и 2-3 добри интервенции, но и едно лошо излегување при нафрлена топка кога Силекс можеше да казни.

Можеби токму за тоа излегување беа советите на таткото Саша кон синот Филип по натпреварот, и покрај тоа што вреди да се напомене дека целиот тим потрфли вчера на дуелот со Кратовци.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата