x

Формула 1 со жестока казна за Рејсинг Поинт

rejsing-point

Тимот на Рејсинг Поинт, не само што нема да може да смета на Серхио Перез на трката во Силверстоун овој викенд, туку се најде во нови проблеми – заработи жестока казна.

Рено по ГН на Штаерска вложи жалба против Рејсинг Поинт за користење на делови од болидот на Мерцедес од претходните години, поточно системот за кочење, а Формула 1 ја усвои истата и одлучи да им одземе 15 бодови и да ги олесни за 400.000 евра.

Од тимот на Рејсинг Поинт може да поднесат жалба, бидејќи со оваа казна падна од петото на шестото место, односно наместо 42 бодови сега има 27. Нивното место го зема Рено, кој има 32 бода.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата