Соработката ќе се одвива преку деловен клуб на Општина Илинден и Сојузот на стопански комори, за чие формирање денеска е потпишан меморандум.

Меморандумот за соработка го потпишаа градоначалникот на Илинден Жика Стојановски и претседателот на ССК Данела Арсовска.

Целта е воспоставување партнерство, кое ќе овозможи ефективна соработка помеѓу општина Илинден и локалната бизнис заедницата, со цел забрзување на локалниот економски развој и создавање поволни услови за водење бизнис и инвестирање, соопшти општина Илинден.