x

Форбс: Федерер е спортистот со најголема заработувачка во 2020 година

federer-ao

Швајцарски тенисер Роџер Федерер се најде на третото место на листата на славни личности со најголема заработка за 2020 година, според магазинот Форбс.

20-кратниот освојувач на Грен Слем трофеи заработил 106,3 милиони долари оваа година и остана само зад претприемачката Кајли Џенер (590 милиони долари) и музичарот Кание Вест (170 милиони долари).

Интересно е што Фередер имаше поголема заработка од првите ѕвезди на светската фудбалска сцена, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои заработија 105, односно 104 милиони долари.

Во ТОП 10 се најдоа и бразилскиот фудбалер Нејмар и американскиот кошаркар Леброн Џeјмс, кои заработија 95,5 милиони, односно 88,2 милиони долари.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата