Според листата за најбогати славни личности во Америка за 2018, во издание на магазинот „Форбс“, првото место му припаѓа на режисерот на култната научно-фантасична сага, „Војна на ѕвездите“ – Џорџ Лукас.

Според „Форбс“, Лукас „тежи“ 5,4 милијарди долари во што голем удел имаат парите кои ги заработи кога неговата продукциска куќа „Лукасфилм“ беше продадена на „Дизни“ за 4,1 милијарда долари во 2012. година.

Лукас е на листата на „Форбс“ го претекна својот колега, режисерот Стивен Спилберг, чие богатство се проценува на 3,7 милијарди долари, додека американската водителка Опра Винфри се наоѓа на третото место, со 2,8 милијарди долари.

Зад неа е еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Мајкл Џордан, со 1,7 милијарди долари, а на листата за прв пат се најде и манекенакта Кајли Џенер, која со богатство во вредност од 900 милиони долари е многу блиску до тоа да стане најмладта милијардерка во историјата, која самата ја заработила таа сума, без да добие големо наследство.

Петтото место со неа го дели раперот Џеј Зи, кој исто така „тежи“ 900 милиони долари.

Седмо и осмо место им припаѓаат на магионичарот и илузионист Дејвид Коперфилд со 875 милиони долари, односно раперот Пи Диди со 825 милиони долари, додека еден од најдобрите голфери на сите времиња Тајгер Вудс и писателот Џејмс Патерсон, за кои „Форбс“ проценува дека „тежат“ 800 милиони долри го делат деветтото или десеттото место на листата.

извор: Makfax