Бизнисменката Кајли Џенер е прогласена за најплатена славна личност од страна на Форбс за 2020 година. Таа остварила заработка од 540 милиони долари, а веднаш после неа на листата се наоѓа сопругот на нејзината сестра Ким, Кање Вест со заработка од 170 милиони долари.

Претходно, економскиот магазин ja смести Кајли на листата со милијардери, но набрзо ја тргна откако се откри дека, сепак, таа не е милијардер.

Тогаш, од магазинот споделија текст во кој изјавија дека податоците за богатство на Кајли биле лажни.

Кајли, пак, веднаш се огласи на социјалните мрежи изјавувајќи дека нивниот текст содржел лажни и непотврдени информации.

„Мислев дека ова е веб-сајт со репутација. Сè што гледам се бројни неточни изјави и непотврдени гласини. Никогаш не побарав ваква титула, ниту пак сум се обидела да лажам за неа. Мене ми оди одлично. Можам да набројам 100 поважни работи од тоа колку пари имам“.

Според Форбс, богатството на Кајли изнесувало нешто помалку од 900 милиони.

Веднаш после Кајли, на листата се наоѓа Канје Вест кој заработил 170 милиони, па Роџер Федерер со заработка од 106 милиони.

На четвртото место е Кристијано Роналдо со заработка од 105 милиони, а на петтото – Лионел Меси кој заработил 104 милиони.

Кајли всушност заработила повеќе од нив четворица заедно.

Годинава, Кајли најмногу пари заработила од продажбата на акциите од нејзиниот бренд за шминки. Канје, пак, најмногу заработил од договорот со Adidas за неговата колекција патики позната како Yeezy.

Роџер Федерер бил првиот тенисер кој се нашол помеѓу првите пет на листата, а фудбалерот Кристијано Роналдо станал првиот тимски играч кој заработил 1 милијарда во текот на кариерата.

10-те најплатени славни личности за оваа година:
1. Кајли Џенер – 590 милиони долари

2. Канје Вест – 170 милиони долари

3. Роџер Федерер – 106,3 милиони долари

4. Кристијано Роналдо – 105 милиони долари

5. Лионел Меси – 104 милиони долари

6. Тајлер Пери – 97 милиони долари

7. Нејмар – 95,5 милиони долари

8. Хауард Стерн – 90 милиони долари

9. Леброн Џејмс – 88,2 милиони долари

10. Двејн Џонсон – 87,5 милиони долари