Контактите на старите лица во Европа со другите треба да останат ограничени барем до крајот на годината заради епидемијата на коронавирусот, предупреди претседателката на Европската комисија.

Без вакцина, треба да ограничиме што е можно повеќе контакти со постарите лица, особено со оние кои живеат во домови за нега на стари лица, рече Урсула фон дер Лејен за германски Билд.

Знам дека е тешко и дека тежи изолацијата, но тоа е прашање на живот и смрт. Мора да останеме дисциплинирани и трпеливи, рече таа.

Децата и младите ќе уживаат поголема слобода во движењето отколку постарите и оние со хронични заболувања, рече шефицата на ЕК.

Таа додаде дека се надева дека ќе се развие вакцина од европска лабораторија до крајот на годинава.