Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, денеска во седиштето на партијата ги пречека на заедничка средба амбасадорите на 17-те земји на Европската унија акредитирани во земјата.

Во оваа заедничка средба се разговарало за општата политичка ситуација како и процесите за излез од актуелната криза во земјата. Меѓу другото се разговараше и за деблокирањето на интеграциските процеси и решавањето на спорот за името, кој ќе го отвори патот на интеграција и ќе обезбеди подобра перспектива за земјата и за целиот регион.

Претседателот Тачи во разговорот со 17-те амбасадори на земјите на ЕУ ја презентирал понудата на ДПА за излез од политичката криза, како и за забрзување на процесот на европската интеграција. Во овој контекст, претседателот Тачи истакна дека во прилог на актуелните предизвици со кои се соочува земјата, фокусирањето во евроатлантската агенда преку имплементација и реализација на реформите поставени од страна на Европската комисија, вклучувајќи ги и меѓуетничките односи и нивно решавање во согласност со новиот политички договор кој го нуди ДПА, се единствениот начин за излез од кризата и обезбедување на подобра перспектива.

Амбасадорите истакнале дека Европската унија го следи со особено внимание развојот на настаните во земјата. Беше препорачано дека сите политички партии и фактори да придонесат за подобра благосостојба и иднината на граѓаните, во овој поглед амбасадорот на Европската унија во Република Македонија, Орав му се заблагодари на претседателот на ДПА, Тачи за неговиот придонес во развојот на процесот на преговорите меѓу лидерите на најголемите политички партии во земјата.