x

ФМП пропушти сензација, Гостивар им се врати на победите

Академија ФМП и Гостивар одиграа одличен натпревар, на крајот победата им припадна на гостите кои славеа со 58-67 (16-10, 17-17, 11-15, 14-25) во третиот меч од 10. коло во Првата лига.

Избраниците на Игор Гацов имаа контрола на водството до пред самиот крај на третиот период. Гостите се разбудија, негативата од девет поени 44-35 за кратко време ја претворија во позитива од 46-52 во 34. минута.

Тасовски, Џелатовиќ и Доналдсон, заедно со Димитриевски и Димчевски го вратија својот тим во игра, па во последните шест минути игра се водеше неизвесна битка.

Димчевски во самиот финиш со шест поени во низа го отвори патот кон седмиот триумф сезонава.

Џелетовиќ имаше 18 поени и 9 скока, Димчевски броеше до 13 поени. На другата страна Харис имаше 13 поени.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата