x

ФМП одново оди во изолација, четвртото коло се одложува?

fmp-e1599936926410

Пандемијата коронавирус и натаму коси во спортот. Кошарката кај нас има нов проблем, по Куманово во изолација оди и Академија ФМП, и тоа по вторпат.

Од клубот информираат дека има двајца новозаразени играчи, па морат да замина во изолација.

„Почитувани,
Поради ново настанатата ситуација во екипата на КК Куманово кој беше и наш директен противник во последниот натпревар одигран во саботата по кој се појавија позитивни случаи во нивниот тим, двајца наши играчи пројавија симптоми и беше извршено тестирање врз истите.
Играчите беа веднаш изолирани од останатиот дел од екипата, но за жал резултатите покажаа позитивен резултат, односно присуство на вирусот кај двајцата играчи од екипата.
Според препораките од Институтот за Јавно Здравје, останатиот дел од екипата оди во изолација. Сите играчи и членови на стручниот штаб се во добра состојба како и двајцата позитивни случаи.
Жалиме што натпреварите од следните две кола нема да бидеме во можност да ги одиграме поради оваа настаната ситуација“, велат од ФМП.

Ова значи дека четвртото коло во Првата лига нема да се одигра, Работнички и МЗТ Скопје имаат обврски во АБА 2-лига, Куманово, Вардар, Пелистер и ФМП се во изолација.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата