x

ФМП му го нанесе првиот пораз на Куманово, Крстајиќ реализираше 32 поени

fmp-kumanovo-4-e1604775763397

Екипата на ФМП Академија вечерва направи уште едно изненадување во македонскиот кошаркарски шампионат. По онаа убава победа над Гостивар во првото коло, ФМП вечерва го совлада Куманово, нанесувајќи му го првиот пораз сезонава.

ФМП победи на свој терен со 91:89. Гостите од Куманово го добија првото полувреме 42:45, а водството го држеше се до последната четвртина. А таму кошаркарите на ФМП доминираа и го свртеја резултатот во своја корист и ги освоија бодовите.

Најефикасен на натпреварот е Стефан Крстајиќ со 32 поени. Во победничкиот тим се истакнаа уште Херис со 19 поени, а Атанасов даде 10.

Кај Куманово најмногу кошеви дадоа Андрејевиќ 24 и Црниќ 23.

ФМП има скор од две победи и еден пораз.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата