x

Флик покажа кој е газда во Баерн!

flik

Вчера во дербито на 13.коло во Бундеслигата, кое Баерн Минхен го доби со 2:1 против Баер Леверкузен, се случи навистина по малку чуден настан. Од ова незадоволен испадна Лирој Сане, скапо платеното засилување кое дојде од Манчестер Сити.

Во 32.минута се повреди Коман, па на негово место влезе токму Сане. Но репрезентативецот на Германија играше само триесетина минути, кога во 68. минута тренерот Ханси Флик, само тој знае зошто, реши да го извади од игра, а на негово место влезе Мусиала. Се разбира дека Сане беше шокиран од потегот на својот тренер, но Флик сепак покажа кој е газда во тимот на Баерн Минхен.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата